• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Груевски нема никаков политички легитимитет и кредибилитет да дава предлози за тоа како би требало да изгледа новата влада

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ:

nsdp-logo1

Најголемиот виновник за политичката криза упорно се обидува да се наматне како дел од решението на проблемот кој тој го создаде. Наместо да овозможи мирен трансфер на власта по институционален пат, Никола Груевски грчевито се обидува да наметнува концепти за излез од кризата, да дава предлози за тоа како би требало да изгледа новата влада на Република Македонија, иако за тоа по 11 декември нема никаков политички легитимитет и кредибилитет.

Времето, енергијата и парите кои десет години ги трошеше на создавање на тесна врска помеѓу криминалот и политика, на подредување на државата на лукративните интереси на тесното партиско раководство, очигледно дека на Никола Груесвки не му е лесно да ги остави позади себе.

Во моментот кога мнозинството граѓани во Македонија се определија за промени во раководењето и уредувањето на државата и го отворија патот на ВМРО-ДПМНЕ кон опозиција, со што практично и го покажаа излезот од политичката криза, Груевски дели совети, предлози и изнесува политички ставови за формирање на „малцинска влада“ и тоа под водство на „аболицираниот криминалец Зоран Заев“.  Во оваа негова „визија“ за тоа како треба да се раководи државата и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, може да се препознаат само проекции на лични вредности, сфаќања и искуства во кои криминалот и политиката се во хармонична спрега во извршаната власт.

Неговото лицемерие и лоши намери со иднината на државата не застануваат овде, туку продолжуваат и со упорното фаворизирање на принципот победниците во македонскиот и албанскиот политички блок да формираат влада.  Станува збор за чисто етно-центрички пристап во раководењето со државата кој директно води кон федерализација, за што Груевски го обвинува Заев, затоа што со тоа се нарушуваат два основни принципи на Уставот. Прво, со промовирањето на два одделни политички ентитети кои треба да испорача свои претставници во централната власта директно се доведува во прашање унитарниот карактер на државата. Второ, се загрозува и уставниот принцип дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на граѓаните на Република Македонија, што исклучува било какво проектирање на етничките разлики во формирањето на извршната власт.

Над 700 илајди граѓани јасно се определија за промени, за длабок рез во македонската политика и за отворање на едно ново поглавје во историјата, во кое нема место за Никола Груевски и за такви како него.

Најново

20170611_141223

Централниот Одбор на НСДП изрази подршка за првите Владини одлуки

nsdp-logo1

Иванов со условувањето на доделување на мандатот го поткопува уставниот поредок

4

ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЖЕНИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ОСУДУВААТ НАСИЛСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ И БАРААТ РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАСТАНИТЕ

nsdp-logo1

Последната битка на очајниците од ВМРО-ДПМНЕ

goranmis

Изборот на Талат Џафери е чист, Вељаноски мора да одговори на многу прашања

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП