СЕКРЕТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

МАРЈАН ДАМЈАНОВСКИ

Роден 1986 година во Скопје, дипломиран политиколог, завршил високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Вработен во Собрание на РСМ во Законодавен правен сектор.

Член на НСДП од 2008 година, во 2011 избран за потпреседател на НСДМ.

Учесник на голем број обуки, семинари и Конференции за младенски прашања и младински политики претставувајќи ја НСДП пред домашни и меѓународни организации.

Одлично се служи со англиски јазик.

Оженет и татко на две деца.

Надлежности согласно О Д Л У К А за определување на бројот на други секретари на НСДП и определување на правата и делокругот на нивните надлежности, донесена од Централниот одбор на НСДП на 25 јуни 2022 година:

Задолжен/а за градењето на меѓународната позиција на НСДП, воспоставувањето на контакти и облици на соработка со партии со социјалдемократска ориентација, го води процесот за зачленување на НСДП во европските и меѓународни организации и партии на социјалисти и социјалдемократи, оставарува соработка со претставниците на мегународните организации кои имаат претставниоштва во нашата држава и на регионално ниво, се грижи за добра соработка со дипломатските и конзилијарни претставници на другите држави во Република Северна Македонија, учествува во градењето на политиките на НСДП.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство