ОРГАНИЗАЦИОНЕН СЕКРЕТАР

др ВЕНЦО ВУИНОВ

Роден во Виница, завршил медицински факултет во Скопје.

Специјализант по интерна медицина, вработен како доктор на медицина во Здравствен дом во Виница.

3 години е ангажиран како надворешен соработник во кабинетот на министерот во Министерството за здравство.

Во 2 мандати е избран за советник во Советот на општина Виница.

Основач на НСДП, претседател на ОО на НСДП Виница, 2 мандати член на Извршниот Одбор и долгогодишен член на ЦО на НСДП.

Оженет и татко на две деца.

Се служи со англиски јазик.

Надлежности согласно О Д Л У К А за определување на бројот на други секретари на НСДП и определување на правата и делокругот на нивните надлежности, донесена од Централниот одбор на НСДП на 25 јуни 2022 година:

Задолжен/а да ги реализира насоките дадени од генералниот секретар на партијата за организирање и оперативно реализирање на активностите на партијата, теренските активности на НСДП, логистичка поддршка при организирање на седниците на Централен одбор и Извршен одбор низ градовите и општините, организирање на активности во врска со средби со граѓани и митинзи, отворање на канцеларии на НСДП во град Скопје и општините, активности за координација на општинските организации, организациони активности за подготовка на конференции на општинските организации, конгрес  или конвенција на НСДП и други активности утврдени од органите на партијата.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство