ТИТО ПЕТКОВСКИ
Роден е на 23.1.1945 година во Псача, Крива Паланка,
Република Македонија, каде завршил гимназија.
Завршил Правен факултет во Скопје.
Работно искуство:
1968 -Општински суд во Крива Паланка
1971 – 1978 – работи во Републичкиот завод за урбанизам и станбени прашања
1978 – 1982 работи во Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија во Скопје
1982 – 1986 бил потпретседател на Извршниот совет на град Скопје
1986 – 1988 бил секретар на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија
1988 – 1990 бил секретар на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија
1990 – 1996 бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ
1996 – 1998 бил претседател на Собранието на РМ
1998 – 2013 пратеник во Собранието на РМ
1999 – бил кандидат за претседател на Република Македонија
Кон крајот на 2005 година истапи од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На основачкото собрание одржано на 17.12.2005 година беше формирана Нова социјалдемократска партија (НСДП) на која Петковски беше избран за нејзин прв претседател.
На 17 октомври 2009 година на Вториот вонреден конгрес на НСДП по втор пат е избран за Претседател на партијата.
На 3 ноември 2013 година на Третиот редовен конгрес на НСДП е избран по трет пат за Претседател.
На 13 мај 2018 година на Четвртиот редовен конгрес на НСДП е избран по четврти пат за Претседател на партијата.
Г. Петковски го познава францускиот и се служи со англискиот јазик.
На 4 јуни 2022 година, кога се оддржа Петтиот конгрес на НСДП, престана мандатот претседател на НСДП на г.Тито Петковски.