Информации од јавен карактер

Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК), Нова социјалдемократска партија го овластува лицето Марјан Дамјановски за службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Директен контакт со овластеното лице може да се оствари на следниве начини:

  • тел: 02 3238 775
  • факс: 02 3290 465
  • E-mail: nsdp@nsdp.org.mk

Согласно член 9 од ЗСПИЈК, листата на информации од јавен карактер е пристапна до граѓаните во просториите на НСДП во Скопје, на ул. Димитрие Чуповски бр.4 2-1/6 и на официјалната веб страница на НСДП www.nsdp.org.mk

 

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020г.) Нова социјалдемократска партија подготви и објавува:

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР 

1)  Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Северна Македонија и актите на политичката партија.

2) Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-мејл адреса и адресата на интернет страницата;

3) Податоци за претседателот на партијата (биографија) и основни податоци за органите на партијата;

4) Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија и тоа: име и презиме, е-мејл адреса и телефонски број;

5) Список на лица вработени во политичката партија со позиција, службен е-мејл и службен телефон;

6) Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии:

7)    Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на Република Северна Македонија (чл.9 и чл.10 од Закон за финансирање на политичките партии);

8)   Информации кои се однесуваат на приходите од членарината;

9)   Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации;

10) Годишен финансиски извештај (за претходната година, кој се доставува до ДЗР, УЈП согласно чл.27 од Закон за финансирање на политичките партии);

11) Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал;

12) Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија, на пр. од закупнина на движен и недвижен имот на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија, и др.;

13) Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партијата ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро сметка);

14) Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл.10-а од Закон за финансирање на политичките партии), односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитички центар на партијата (посебна жиро сметка);

15) Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за првите 10 дена од изборна кампања;

16) Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за изборна кампања;

17) Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори;

18) Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на финансискиот извештај на политичката партија од изборна кампања по одржани избори;

19) Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година;

20) Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба;

21) Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на РСМ, а согласно член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство