Родена на 12.09.1963 година во Берово.
Македонка. Дипломиран правник.
2007-2008г. Директор на Бирото за метерологија.
Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од 2008-2011, 2011-2014, 2014-2016, 2016-2020, 2020-во тек .
На конститутивната седница на Централниот Одбор одржана на 17.11.2009 е избрана за Организационен секретар на НСДП.
На 15 декември 2013 година е реизбрана за организационен секретар на НСДП.
На 2 јуни 2018 година на конститутивната седница на Централниот одбор – мандат 2018-2022 година е избрана за потпретседателка на НСДП.
На 25 јуни 2022 година на конститутивната седница на Централниот одбор – мандат 2022-2026 година е избрана за потпретседателка на НСДП.
Надлежности согласно О Д Л У К А за определување на бројот на потпретседатели на Централниот одбор на НСДП и определување на правата и делокругот на нивните надлежности, донесена од Централниот одбор на НСДП на 25 јуни 2022 година:
ОПШТИ ПРАВА, ОБВРСКИ И НАДЛЕЖНОСТИ:
– ја претставува и застапува НСДП со овластување на претседателот на НСДП;
– ги свикува седниците на Централниот одбор и Извршниот одбор на НСДП со овластување на претседателот на НСДП;
– учествува во градењето на политиките на НСДП;
– врши и други работи што ќе им ги довери претседателот на НСДП.
Соња Мираковска – отпретседателка на НСДП – задолжена за европски политики, политички систем, законодавство, труд и социјална политика и родови прашања.