ДРАГИ КРСТЕВ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

Роден 1976 година во Кавадарци со живеалиште во Битола, дипломиран правник-Адвокат, магистер по Меѓународно право и односи.

Работи во адвокатска канцеларија од 2009-2017, сега вработен како помошник Директор за правни кадровски и општи работи  на ЕСМ-РЕК Битола од 2018 до денес.

Основач на НСДП, претседател на ОО на НСДП Битола со два мадати до денес, член на ИО и ЦО на НСДП.

Надлежности согласно О Д Л У К А за определување на бројот на потпретседатели на Централниот одбор на НСДП и определување на правата и делокругот на нивните надлежности, донесена од Централниот одбор на НСДП на 25 јуни 2022 година:

ОПШТИ ПРАВА, ОБВРСКИ И НАДЛЕЖНОСТИ:

– ја претставува  и застапува НСДП со овластување на претседателот на НСДП;

– ги свикува седниците на Централниот одбор и Извршниот одбор на НСДП со овластување на претседателот на НСДП;

– учествува во градењето на политиките на НСДП;

– врши и други работи што ќе им ги довери претседателот на НСДП.

Драги Крстев – потпретседател на НСДП – задолжен за политики за владеење на право, борба против корупција и одбрана и безбедност.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство