Роден во 1957 година во Куманово, дипломиран економист.
Раководител на финансиско-комерцијален сектор во ЈП Водовод во Куманово.
Државен секретар во Министерство за економија, помошен директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово.
Државен советник и државен секретар во Министерство за транспорт и врски.
Основач и член на НСДП, член на Централниот одбор и Извршниот одбор на НСДП во повеќе мандати.
Надлежности согласно О Д Л У К А за определување на бројот на потпретседатели на Централниот одбор на НСДП и определување на правата и делокругот на нивните надлежности, донесена од Централниот одбор на НСДП на 25 јуни 2022 година:
ОПШТИ ПРАВА, ОБВРСКИ И НАДЛЕЖНОСТИ:
– ја претставува и застапува НСДП со овластување на претседателот на НСДП;
– ги свикува седниците на Централниот одбор и Извршниот одбор на НСДП со овластување на претседателот на НСДП;
– учествува во градењето на политиките на НСДП;
– врши и други работи што ќе им ги довери претседателот на НСДП.
Зоран Маневски е потпретседател на НСДП – задолжен за политики за економија, финансии, енергетика, инвестиции и транспорт и врски.