ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НСДП

М-Р МИКИ МИЛКОВСКИ

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Датум и место на раѓање: 10.07.1985 година, во Крива Паланка
Адреса на живеење: село Опила, општина Ранковце
Националност: Македонец
Е-пошта: sekretar@nsdp.org.mk или miki_milkovski@yahoo.com
Телефон: 02 3 238 775


ОБРАЗОВАНИЕ И УСОВРШУВАЊЕ

  • 2000-2004 година -ССП-Општа гимназија, УСО „Ѓорче Петров” –Крива Паланка
  • 2004-2009 година -Дипломиран правник, Катедра по граѓанско право, Правен факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје
  • 2010-2013 година – Магистер по право, насока-меѓународно право и меѓународни односи. Катедра по меѓународно право и меѓународни односи, Правен факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Магистрира како еден од најдобрите студенти на генерацијата со просечен успех 10,00.
  • 2005 година – Поседува сертификати за проектно планирање, проектен циклус и административно работење од учество на семинари организирани од МЦМС;
  • 2008 година – Поседува диплома за завршена Школа за односи со јавност, НВО-Инфоцентар;
  • 2011-2012 година – Поседува сертификат за завршена Школа за јавни политики „Мајка Тереза“ – проект на Советот на Европа, Стразбур;
  • 2010-2014 година – Има учествувано на повеќе обуки и семинари организирани од: Интернационалниот Американски Институт (IRI); Националниот демократски институт (NDI); Институтот за парламентарна демократија (IPD), Westminster институт (WFD).
  • 2015-2017 година – Стручно усовршување на обуки и сменинари од повеќе области од Законот за вработените во јавниот сектор и Закон за административни службеници, АЦТ ДОО Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛНО И РАБОТНО ИСКУСТВО

  • 1999 година – Член и активист на еколошко друштво „ФЛОРА“ од Крива Паланка;
  • 2004-2005 – Секретар на СДММ во Ранковце;
  • 2005-2010 година – Член на НВО „ОЗОН-Ранковце”-Ранковце;
  • 2005 – кандидат за член на Совет на општина Ранковце од СДСМ;
  • 2005 – основач на НСДП и член на Централниот одбор-прв мандат;
  • 2007-2008 година – Член на Управен одбор на МАПАС, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
  • 2008 – член на Централен одбор-втор мандат  и Извршен одбор на НСДП-прв мандат;
  • 2008-2010 година – Практикант во Собранието на Република Македонија;
  • 2010 година – Приправник во адвокатска канцеларија;
  • 2009-2022 година – Администратор на веб-страна на НСДП;
  • 2010-2014 година – Надворешен соработник-советник во Собранието на Република Македонија;
  • 2013 – Член на Централен одбор – трет мандат и челн на извршен одбор-втор мандат;
  • 2013-2017 година – Член на Советот на општина Ранковце;
  • 2014-2017 година – Именуван за Заменик на градоначалникот на општина Ранковце;
  • 2015 година – Советник за нормативно-правни работи во Сектор за правни и организациони работи во Општина Центар-Скопје;
  • 2015-2017 година – Раководител на Одделение за човечки ресурси во Општина Центар-Скопје.
  • 2017 година – (во тек) На 25 ноември 2017 година од страна на Собранието на Република Македонија е именуван на функцијата Заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
  • 2018 – Член на Централен одбор-четврт мандат и член на Изврпен одбор-трет мандат;
  • 2022 – Член на Централен одбор – петти мандат;
  • 26 јуни 2022 година избран за генерален секретар на НСДП.

Се служи со англиски јазик.

Оженет и татко на две деца.

НАДЛЕЖНОСТИ СОГЛАСНО СТАТУТОТ НА НСДП:

Член 42-а

Генералниот секретар на НСДП:

  • го организира внатрепартискиот живот, се грижи за следењето и извршувањето на одлуките, ставовите и заклучоците на органите на НСДП;
  • ги подготвува седниците на органите на НСДП;
  • ја води единствената база на податоци на членовите на НСДП;
  • учествува во градењето на политиката на НСДП;
  • се грижи за кадровските прашања на НСДП;
  • се грижи за финансиското работење на НСДП;
  • предлага регионални координатори;
  • раководи со стручната служба во партијата;
  • изготвува предлог општите акти со кои се уредува организацијата и  работата  на  Стручната  служба,  како  и  одлуките  сврзани  со правата и обврските  од работниот  однос;
  • после секоја седница на Централниот одбор задолжително ги свикува или известува претседателите на општинските организации заради информирање за заклучоците и
  • дава насоки за работа на другите секретари.

Мандатот на Генералниот секретар трае 4 години, со право на еден повторен избор.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство