ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

м-р Мики Милковски

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Датум и место на раѓање: 10.07.1985 година, во Крива Паланка
Адреса на живеење: село Опила, општина Ранковце
Националност: Македонец
Е-пошта: m.milkovski@sobranie.mk
Телефон: 02 3 182 246

ОБРАЗОВАНИЕ И УСОВРШУВАЊЕ

  • 2000-2004 година -ССП-Општа гимназија, УСО „Ѓорче Петров” –Крива Паланка
  • 2004-2009 година -Дипломиран правник, Катедра по граѓанско право, Правен факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје
  • 2010-2013 година – Магистер по право, насока-меѓународно право и меѓународни односи. Катедра по меѓународно право и меѓународни односи, Правен факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Магистрира како еден од најдобрите студенти на генерацијата со просечен успех 10,00.
  • 2005 година – Поседува сертификати за проектно планирање, проектен циклус и административно работење од учество на семинари организирани од МЦМС;
  • 2008 година – Поседува диплома за завршена Школа за односи со јавност, НВО-Инфоцентар;
  • 2011-2012 година – Поседува сертификат за завршена Школа за јавни политики „Мајка Тереза“ – проект на Советот на Европа, Стразбур;
  • 2010-2014 година – Има учествувано на повеќе обуки и семинари организирани од: Интернационалниот Американски Институт (IRI); Националниот демократски институт (NDI); Институтот за парламентарна демократија (IPD), Westminster институт (WFD).
  • 2015-2017 година – Стручно усовршување на обуки и сменинари од повеќе области од Законот за вработените во јавниот сектор и Закон за административни службеници, АЦТ ДОО Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛНО И РАБОТНО ИСКУСТВО

  • 1999 година – Член и активист на еколошко друштво „ФЛОРА“ од Крива Паланка;
  • 2005-2010 година – Член на НВО „ОЗОН-Ранковце”-Ранковце;
  • 2007-2008 година – Член на Управен одбор на МАПАС, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
  • 2008-2010 година – Практикант во Собранието на Република Македонија;
  • 2010 година – Приправник во адвокатска канцеларија;
  • 2009-2017 година – Администратор на веб-страна;
  • 2010-2014 година – Надворешен соработник-советник во Собранието на Република Македонија;
  • 2013-2017 година – Член на Советот на општина Ранковце;
  • 2014-2017 година – Именуван за Заменик на градоначалникот на општина Ранковце;
  • 2015 година – Советник за нормативно-правни работи во Сектор за правни и организациони работи во Општина Центар-Скопје;
  • 2015-2017 година – Раководител на Одделение за човечки ресурси во Општина Центар-Скопје.
  • 2017 година – (во тек) На 25 ноември 2017 година од страна на Собранието на Република Македонија е именуван на функцијата Заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Се служи со англиски јазик. Оженет и татко на два сина.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство