ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

9 мај, 2020

На денешен ден 1945 година, во Берлин, во Главниот штаб на Советската армија, беше потпишана безусловна и целосна капитулација на вооружените сили на Третиот Рајх. Со поразот на фашизмот, практично и заврши Втората светска војна. Фашизмот беше поразен, но историските настани потоа покажуваат дека се што се случило, воопшто не значи дека никогаш повеќе нема да се повторат.

Националистичките идеологии кои за последица имаат создавање на етнички чисти држави, во ништо не се разликуваат од Хитлеровата доктрина за „масите во името на народот″. Насилството, стимулирано од висок степен на националистичка идеологија од своја страна продуцира омраза, ксенофобија, расизам, агресија. Тоа практично беа и основните причини за двете светски војни.

Ставајќи се на страна на антифашистичките сили, НОБ и антифасиштичката војна, ја легитимираат Македонија како дел од цивилизираниот свет.

Македонија соодветно и партиципираше и во жртви на оваа тоталитарна идеологија. Пред се поради фактот што целосно се вклопуваше во освојувачката стратегија на Третиот Рајх, како важна стратешка точка на Југоисточна Европа дефинирана уште од Бизмарк. Токму поради таквата своја положба, Македонија потпадна под германско-бугарска и италијанско-албанска окупација, соочувајќи се со идеите за Голема Бугарија и Голема Албанија. Дури и денес официјалните истории на овие две држави го употребуваат поимот „ослободени краишта″.

Во оваа годишнина од поразот на фашизмот по Втората светска војна, навраќањето на овој датум е наша потреба. Спомрнот на него не смее да се потисне во заборав, пред се поради фактот што НОБ и АСНОМ ја создадоа современата македонска држава. Тој чин ги обврзува сите генерации, споменот на овој датум да го чуваат со највозвишени чувства. Нашиот однос кон него може да биде и едниница за мерење на човековите вредности, цели и стремежи и за тоа како се создава и расте еден народ, една држава, и конечно, како се создава смислата на животот.

Споменот на овој и сличните на него датуми од нашата историја мора да го чуваме и да го почитуваме, пред се и како гаранција за нашето постоење и опстојување, но и како брана против губењето на националното достоинство.

Споменот на овој ден, ниту времето кое беспоштедно минува, ниту напливот на нови, значајни историски настани не може и не смее да го намалат неговото значење и да го фрлат во заборав.

Честит денот на победата над фашизмот.
Да живе 9-ти мај!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство