МИЛКОВСКИ: Директорке дали имате морално право, кредибилитет и достоинство да ја извршувате функцијата и покрај сите скандали и афери?

24 март, 2014

Советнички прашања до директорот на ООУ „Христијан Тодоровски -Карпош“, поставени на Тринаесетата седница на Советот на општина Ранковце

mikinsdp (1)

Согласно Статутот на општина Ранковце и Деловникот за работа на Советот на општина Ранковце директорке ви ги поставувам следните советнички прашања:

1.Директорке, дали сеуште мислите дека имате морално право, кредибилитет и достоинство да ја извршувате јавната функција Директор на Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски -Карпош“ и покрај сите скандали и афери поврзани со вас, а јавно објавени во изминатиот период?

2.Дали и кога ќе се изјасните во врска со Известувањето од Претседателот на Основниот суд во Крива Паланка доставено до општина Ранковце, дека вие сте евидентирана во казнената евиденција како лице кое што правосилно е осудено за „злоупотреба на службената положба и овластувања“?

3.Дали за уште едно дело сте осудена за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, бидејќи на сајтот на Основниот суд Крива Паланка имаше објавено првостепена пресуда против вас како директор на училиштето за наведеното дело?

4.Дали во случајот со вработувањето на вашиот сопруг, двајцата браќа и сопругата на едниот брат не сметате дека има непотизам и дека сте го прекршиле Законот за судир на интереси, бидејќи очигледно вие сте ги потпишале решенијата за вработување?

5.Дали и што превземавте во врска со случајот за „малтретирање“ на ученици, кои што се пожалија во општината, кај педагогот во училиштето и во полициското оделение во Ранковце, дека за време на патувањето на детскиот фестивал „Златно славејче“ физички и вербално биле нападнати од претставникот на Советот на родители?

6.Дали Вие лично ослободивте вработени во училиштето да присуствуваат за време на работното време на отворањето на ТИРЗ „Ранковце“ и доколку не сте дозволиле, дали против тие лица сте превземале соодветни мерки и сте повеле соодветна постапка?

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство