На изборната конференција на битолската НСДП, присуствуваше и претседателот на партијата Тито Петковски.

Тој вели дека и тие како партија се подготвуваат за најавените избори, а на прашањето дали ќе се случат, тој вели дека тоа најдобро го знаат лидерите на партиите кои ги договараа изборите.

Петковски смета дека нема некој проблем доколку Парламентот се распушти, а потоа стигне ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, оти вели ако имаме техничка влада согласно Пржинскиот договор, тогаш зошто да нема и технички Парламент тоа да го спроведе, иако вели дека членството во НАТО е веќе завршана рабта, а се друго сега е само формалност.

И за него самитот на НАТО во Лондон, на кој меѓу другите беше присутен и премирот Заев е голема работа за земјата и дека ние веќе сме дел од таа алијанса.