Др Џекил и Мистер Хајд

19 ноември, 2019

Роберт Луис Стивенсон шкотски писател, ја напишал оваа позната книга и прв пат ја објавил и публикувал во 1886 година , кога на овие простори па и пошироко, но особено на Балканскиот полуостров се јаделе ,,корења, голема беда, сиромаштија ѝ примитивизам,,.

Ќе се задржам на последниов збор ,,примитивизам,, .Зошто? ,.Колку ли само им била развиена интелектуалната свест и интелегенцијата на западните земји и чинители на социјалниот , културен и политички авангарден слој во нивните општествени кругови е излишно да зборуваме, впрочем затоа тие се таму, а ние сме овде.

Примитивизмот, има многу облици, го има насекаде, не можеме да го избегнеме, буквално е застапен како воздухот кој го дишеме. Многу е лесно да се примети, но доколку сте опкружени со него , тогаш ве проголтува, ве стега, како питон кој и го одзема последниот здив на жртвата пред да ја проголта.
Во книгата , која е многу интересна и несакам да ви ја прераскажувам, седнете и прочитајте ја се опишува дволичноста на луѓето, но во многу контексти и до оние страшни извиткувања на личноста, е ова за мене е најинтересно.

Колку ли се луѓето кои ве опкружуваат дволични и егоистични, полни со лицемерие и сарказам , тоа би ви го доловил со примерот дека во тоа се поголеми мајстори и од Влатко Стефановски нашиот најдобар гитарист, како што тој води љубов со гитарата, овие мајстори со брзината на Усеин Болт го надминале.

Портарските и дворски , на некои места и на повисоки нивоа шушукања немаат крај. Др Џекил и Мр Хајд ги имаат скенирано до совршенство, од обични теми , за зимница,туршија, па се до политичките случувања во нашата држава. Е сега овде се многу интересни, мислат дека се знаат, од најниската класа, до највисоката, после битката дали е победена или изгубена сите се генерали. Тие стаорци сега се залепени до некој функционер или јавна личност , политички финкционер и тн како најдобри пријатели, се за нивен личен интерес , имено класично олицетворение на впикување в гаки ,или прекрасниот и одмерен Мр Хајд.

Но,се прочитани, сега се сите со Заев, сега се сите со партиите кои ја сочинуваат владината коалиција, сега се сите со маршалот, а истите тие каде ли беа до пред само три, четири години, беа пикнати в гаки но на друго место се разбира, каде се вистинските морално етички стандарди и вредности, па овие луѓе одамна ги изгубиле. И замислете немаат никаков проблем, каде се вистинските борци и вистинските луѓе, тие се овде, го демнат и мудро го скенираат секој чекор на овие лицемери и канцелариски стаорци ,кои се здебелени и поголеми од мачорот кои ги лови, мислат дека се извлекле од канџите но не се верувајте. Сега сите тие одат на митинзи, средби, трибини и замислете се сликаат со генералите, но делуваат толку мизерно и бедно, а тие мислат дека се интересни и дека придонесуваат, не е така господа, многу сте бедни, и прочитани, а и прости, бидејќи вашето влијание и муабет вредат колку трошките од лебот.

Др Џекил и Мр Хајд ,за нивното однесување нема гранка и стандард кој што можеме да ги сместиме, внимавајте ,опасноста демне, но и лекот го има , се знае кога и во кое време ќе се употреби. Примитивизам имало и ќе го има , но веројатно поради возраста на општеството и државата, што побрзо зрееме и растеме тоа помалку ќе го има , ништо нема да се промени преку ноќ, зрееме и ќе созрееме, и да ќе не виде како држава, во тоа сум убеден, имајте уште малку трпение , ќе успееме во мисијата која ни е зацртана , со вас или без вас ,ваше е да одберете кои лик ќе го толкувате, дали Др Џекил или Мр Хајд.

*Веб-колумните објавени на сајтот на НСДП не секогаш ги одразуваат ставовите на партијата, туку личните погледи и ставови на колумнистите членови на НСДП

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство