ЗОШТО АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЧЕКАА ПЕТ МЕСЕЦИ ЗА ДА ЈА КАЗНАТ ДИРЕКТОРКАТА ОД РАНКОВЦЕ

28 март, 2014

Соопштение до медиумите и јавноста (НСДП и СДСМ):

nsdp-logo

Почитувани,

Цели пет месеци и беа потребни на Државната комисија за спречување на корупција  да ја види злоупотребата на функцијата на директорката на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во општина Ранковце.

Дури по пет месеци откако СДСМ и НСДП обелоденија дека директорка во училиштето си ги вработила својот сопруг, браќата и својата снаа и тоа во време кога е разрешена од функцијата, комисијата носи одлука таа да биде сменета.

Дрскоста на директорката одеше дотаму што и покрај судската одлука за злоупотреба на службената положба таа поддржана од локалните моќници на ВМРО-ДПМНЕ, неовластено потпишуваше јавни набавки, платни списоци, злоупотребувајќи ги печатите на училиштето.

Според Државната комисија за спречување на корупција злоупотребата на директорката траела цели 3 години. Замислете, 3 години некој и дал одврзани раце да прави што сака !

Прашуваме, што со тие кои директорката ги вработила незаконски?

Дали и овој пат директорката ќе ја игнорира одлуката на Државната комисија за спречување на корупција, како што тоа го направи со судската пресуда од Основниот суд во Крива Паланка?

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство