Прес-конференција на кандидатот за пратеник од НСДП во ИЕ.5 Зоран Георгиев од Битола:
Во нашата програма, Промени за нов почеток, посебен акцент сестава на структурните реформи во земјоделството. Идната влада на СДСМ и коалиционите партнери ќе спроведиаграрана политика водена од неколку принципи и цели.
-Поголеми субвенции и средства за капитални проекти,
-Сигурен пласман на производството кое ќе станува поконкурентно преку производи со повисока додадена вредност и поголема извозна ориентираност.
Една од основните разлики со досегашните аграрни мерки на ДПМНЕ, ќе бидат субвенциите и начинот на нивниото доделување. Ќе се исплаќаат редовно и во периодите од годината кои за земјоделците се најважни, а не како досега само пред избори. Истите ќе се спроведуваат во согласност со моделот за субвенционирање на Европската Унија, по грло добиток и по единица површина.
Новина ќе биде воведувањето на т.н. зелена нафта наменета за земјоделците. Ќе се интервенира во акцизната давачка, се со цел земјоделците да добиваат поефтино гориво.
Идната влада ќе овозможи остварување на бенифициран работен стаж на земјоделците. За 12 месеци работа да им се признае работен стаж од 13 месеци. Со оваа мерка тешката и напорна работа на земјоделците ќе добие реално вреднување.
Ова се само дел од меркитево нашата програма, посветени на земјоделците и земјоделието.