Земјоделството на раб – Владата без слух, земјоделците без поддршка!

6 април, 2026
Алармантна е состојбата во земјоделството. Земјоделците се оставени сами, оттурнати на работ на егзистенција, без вистинска поддршка во време кога трошоците растат, а неизвесноста станува секојдневие.
Сточарите се соочуваат со понижувачки ниски откупни цени на млекото, додека субвенциите доцнат или се исплаќаат селективно и нецелосно.
Наместо стабилност и сигурност, добиваат игнорантски однос од институциите. Владата предводена од Мицкоски не само што не понуди решенија, туку со своите политики директно го влошува положбата на земјоделците.
Намалувањето на поддршката, воведувањето рестриктивни услови и укинувањето на авансната исплата значат едно – системско оттурнување на малите и средни земјоделци од системот.
Наместо да се поттикнува домашното производство, се создаваат бариери што ги оттурнуваат оние кои со години ја хранат државата.
Особено загрижувачки е односот на министерот за земјоделство, кој наместо да ги слуша реалните проблеми на земјоделците, покажува ароганција и незаинтересираност, дури и во моменти кога тие директно му укажуваат на тешката состојба со која се соочуваат.
Наместо дијалог, гледаме игнорирање и потценување.
Манипулациите со наводни „трибини“ и креирана слика за поддршка не поминуваат. Реалните земјоделци, оние што секојдневно се борат со производството, јасно и гласно ја кажуваат вистината – политиките на оваа власт не функционираат.
НСДП бара итно преземање конкретни мерки за ублажување на кризата. Потребно е воведување на вонредна интервентна мерка за доделување субвенционирана нафта директно на земјоделците преку картичките кои веќе ги поседуваат, со цел да се намалат производствените трошоци и да се зачува производството. Истовремено, неопходна е итна и целосна исплата на заостанатите субвенции, за да се врати барем дел од довербата во системот.
Земјоделството и производството на храна се клучен приоритет на НСДП. Државата мора да застане зад оние кои создаваат вредност и обезбедуваат храна, а не да ги оттурнува со погрешни и штетни политики.
Време е за одговорност, а не за изговори!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство