ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП ВО ВРСКА СО АКТУЕЛНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА

11 јуни, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ:

nsdp-logo1

Денеска во Скопје Централниот одбор(ЦО) на НСДП одржа седница на која се дибатираше за актуелната политичка криза.

На седницата од острана на членовите на ЦО едногласно беа усвоени четири заклучоци:

1.      За да се спречи понатамошното пропаѓање на Република Македонија на внатрешен и надворешен план, неопходно е организирање на предвремени парламентарни избори.

2.      Опозицијата не смее повторно да влезе во замката на власта и да прифати датум за избори без да бидат исполнети условите за слободни и фер избори. Вообичаен редослед на активностите би бил итно исполнување на условите преку прочистување на избирачкиот список, започнување на реформи во медиумите, што меѓудругото подразбира и расчистување со криминалот и корупцијата за кои се говори во прислушуваните разговори. Од друга страна, тоа пак значи и обезбедување на непречена работа на СЈО и после тоа консензуално утврдување на датум за избори, точно онака како што побара германскиот дипломат Јоханес Хајндл.

 3.      НСДП очекува дека по неуспехот на преговорите меѓу четирите поголеми политички партии, во преговорите треба да се вклучат и претставници на помалите парламентарни партии од власта и опозицијата. Се оглед на фактот дека две парламентарни партии излегоа од владнината коалиција, оценуваме дека на тој начин ќе се зголеми опозицскиот потенцијал во преговорите и ќе се зајакнат позициите наспроти трите партии(ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ И ДПА) како претставници на власта.

4.      НСДП изразува поддршка на условите и барањата кои ги испорачаа граѓаните преку Шарената револуција. Сметаме дека позитивна и демократска разврска на кризата можеме да очекуваме само ако  веднаш запре прогонот кој го врши власта врз учесниците во протестите и Уставниот суд да се произнесе околу уставноста а СЈО.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство