НСДП бара процесот на уставните измени да тече со засилено темпо и ја повикува Владата на Република Северна Македонија да ја подготви и достави до Собранието Предлог-иницијативата за потребата од уставни измени.
Сметаме дека како сериозна држава треба да ги почитуваме преземаните меѓународни обврски, особено кога се работи за највисокиот државен интерес, а тоа е интеграција на државата во Европската Унија.
Во интерес на исполнување на преземената обврска за уставни измени која произлегува од преговарачката рамка што ја усвоиле сите држави членки на Европската Унија, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската иднина на државата.
Уставните измени ќе овозможат отворање на поглавјата во процесот на преговори со ЕУ, а тоа значи реформи во државата, преку реформа на институциите под засилен европски надзор и поголем пристап до европските фондови.
Државата не смее да биде заложник на ретроградните сили и не треба да им се дава можност да прават раздор во општеството и да не дефокусираат од зацртаниот пат.
Време е сите да се произнесеме: Кој е за, а кој против европска Македонија?