ВО ВРЕМЕ НА ПОСКАПУВАЊА МИЦКОСКИ ЈА ПАРТИЗИРА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ

18 март, 2026
НСДП остро реагира на предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), институција која треба да биде симбол на независност, стручност и заштита на јавниот интерес.
Станува збор за партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник на Радовиш, што отвора сериозни сомнежи за политичко влијание врз работата на РКЕ.
Јавноста со право прашува: Каде е независноста на РКЕ? – Наместо предлагање на стручни кадри, сведочиме на целосна партизација на регулаторните тела, процес кој очигледно не запира, туку се продлабочува.
Во изминатиот период, бројни реакции и критики во македонските медиуми укажуваат на истото – дека клучните институции се ставаат под директна политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не само што ја поткопува довербата на граѓаните, туку директно влијае и врз квалитетот на одлуките кои имаат сериозни последици врз животниот стандард.
Во време кога континуирано поскапуваат горивата, струјата, парното и водата, наместо фокус на заштита на граѓаните, Христијан Мицкоски ја турка партизацијата на клучните регулаторни тела.
НСДП денес во Собранието ќе гласа против неговиот избор, спротивставувајќи се на обидите институциите да се стават во функција на партиски и бизнис интереси, наместо во служба на граѓаните.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство