Во новата 2021 година политички сплотени и посветени да продолжиме Северна Македонија да ја градиме и развиваме

31 декември, 2020

Почитувани сограѓани,

Ја завршуваме 2020 година во сенка на пандемијата на КОВИД – 19, позади нас оставаме една тешка година која бараше од целото општество и државата целокупната енергија и капацитети да ги насочат кон заштита на здравјето и спречување на ширењето на болеста. НСДП изразува надеж дека наскоро ќе се ослободиме од товарот кој демнее над нашето здравје и безгрижно во наредната година ќе продолжиме да чекориме кон градење на подобро, поправедно и побогато општество.

Остануваат уште многу задачи и проблеми кои треба да ги надминеме. Потешкотиите кои ни се испречија на патот кон ЕУ не треба да не демотивираат и обесхрабруваат во заедничките определби и стремежи европските вредности да ги вградиме во функционирањето на институциите.

Во новата 2021 година политички сплотени и посветени да продолжиме Северна Македонија да ја градиме и развиваме, да создаваме цврсти и професионални институции во кои граѓаните веруваат, да создаваме стимулативни услови за раст и развој на економијата, да ја подобриме благосостојбата и ја намалиме сиромаштијата.

Како политичка партија изразуваме надеж дека и во наредната година почитувањето на човековите права, владеењето на правото, слободата, солидарноста и еднаквоста  ќе останат вредносни импeративи на политичкиот живот во Северна Македонија.

Ви посакуваме многу здравје, среќа и радост во новата 2021 година.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство