ВМРО-ДПМНЕ СЕ ИСПЛАШЕНИ КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА

3 март, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

По објавените прислушувани разговори чија автентичност до сега никој не ја оспори, станува јасно дека институциите на државата се целосно окупирани и заробени. Единствената шанса тие да се ослободат е окупаторите да се повлечат од функциите или пак некој од слугите на интересите на една моќна група поединци да престанат да слугуваат. За жал не проработи совеста кај ниту еден министер, пратеник, судија, обвинител или антикорупционер. Сето тоа поради целосната и безрезервна поддршка на Никола Груевски и Владата од страна на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во справувањето со предизвиците наметнати од неодговорната опозиција.

По вчерашната пресконференција на потпретседателот на Владата, Зоран Ставрески станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ застанува „гордо, силно и во збиени редови“ во одбрана на насилието, криминалот и корупцијата.

Монструозните најави на ВМРО-ДПМНЕ заедно со зголемените овластувања на полицијата со Законот што по итна постапка  вчера го донесе Собранието на Република Македонија, само покажуваат дека власта се подготвува да се бори до последната капка туѓа крв.

НСДП ги повикува граѓаните на Република Македонија да не им плашат на насилниците кои сами признаваат дека се „лудаци“ (Ставрески во разговор со Јанкулоска). Тие се исплашена како никогаш досега, од внатре еродирани, од надвор изолирана. Од таму и драматичните повици за „сплотеност“ и „единство“ во одбрана на личните, групни и партиски интереси.

НСДП дава целосна поддршка на лидерот на СДСМ Зоран Заев во  обелоденување на вистината за корумпираната, криминална, алчна, забегана и недемократска власт, како и целосна подршка во битката за враќање на демократските и европски вредности во Република Македонија.           

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство