ВМРО -ДПМНЕ ПРЕКУ МИНИСТРИТЕ ГО ВОСКРЕСНА „МВРО“

18 февруари, 2024

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда. Не поминаа повеќе од дваесеттина дена откако ВМРО-ДПМНЕ партиципира во преодната Влада и веднаш го земаа првото П – ПЕНДРЕКОТ.

Мицковски преку личниот адвокат, а сега министер за внатрешни работи го воскреснува МВРО.
Матрицата на делување на МВРО-ВМРО останува иста, не им беа доволни седум години за да се реформираат.
Со вчерашниот настан личното обезбедувањето на Мицковски демонстрираше насилие и надмоќ врз службено лице вработено во МВР.
Сдум години со широк општествен и институционален консензус и со подршка од меѓународните партнери се направија голем број на реформи за професионализација на безбедносните служби, а само преку еден настан МВРО покажаа како се рушат стандардите и системот.
НСДП го осудува ваквото непрофесионално однесување на блиските луѓе околу Мицковски и очекуваме да поднесат одговорност.
Граѓаните ќе ценат каква иднина сакаат, дали сакаат професионални институции или враќање на МВРО-ВМРО.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство