ВЛАСТА ПРИСЛУШУВАЛА СО ГОДИНИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕТКОВСКИ МЕЃУ ПРИСЛУШУВАНИТЕ ЛИДЕРИ НА ОПОЗОЦИЈАТА

5 март, 2015

Изјава на Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на обединетата опозиција во 2014 година во врска со поднесената пријава за проширување на кривичната пријава за неовластено прислушување на него како и на лидерот на НСДП Тито Петковски, заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски:

Почитувани,

Денеска до Основното јавно обвинителство поднесовме проширување на кривичната пријава, што претходно беше поднесена за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање.

Станува збор за прислушување на луѓе, без налог, само заради нивните политички активности. Доказите кои ги имаме и кои ги приложивме кон пријавата, со прислушуваните и тонски снимани разговори, се однесуваат на временски период од 4 години.

Искрено се надеваме дека проширувањето на кривичната пријава нема да ја доживее судбината на првичната кривична пријава, за којашто до сега немаме никаков абер што се случува. Ниту зошто обвинителството до овој момент не постапува воопшто по онa што беше поднесено пред десетина денови.

Бидејќи сите сме легалисти, сакаме да веруваме дека институциите на Република Македонија конечно ќе се одважат и ќе постапат по кривичната пријава за еден масовен злостор против човековите слободи и права, за прислушување на илјадници и илјадници граѓани на оваа земја без било каков повод и причина.

Немаме верба во луѓето кои актуелно ја водат оваа институција. Меѓутоа веруваме дека сите останати, меѓу кои има професионални, стручни кадри, доблесни луѓе, овој пат нема да одмолчат и во интерес на нашата заедничка, подобра иднина ќе постапат по пријавата, ќе ја процесуираат понатаму и ќе ги санкционираат оние кои го правеле ова злодело против сопствениот народ.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство