Владата ја оттурнува Македонија од ЕУ со неработење и отсуство на реформи

28 април, 2026
Најновите изјави на Томас Вајц се уште една сериозна опомена дека Македонија стагнира на европскиот пат поради неспособноста и незаинтересираноста на актуелната Влада да спроведе суштински реформи.
Фактот дека веќе една година нема никаков напредок во реформската агенда, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата, е директна одговорност на Владата.
Наместо конкретни резултати, граѓаните гледаат политички калкулации, празни ветувања и целосно отсуство на визија.
Особено загрижува предупредувањето дека средствата од Планот за раст, во вредност од 47 милиони евра, може да бидат изгубени и пренасочени кон соседните земји. Ова е уште еден доказ дека Владата не само што не ја движи државата напред, туку директно ги загрозува економските интереси на граѓаните.
НСДП укажува дека владеењето на правото, независното судство и решителната борба против корупцијата не се формалности за ЕУ, туку предуслов за економски развој, нови работни места и подобар животен стандард. Без тоа, Македонија ќе остане заробена во сиромаштија, неизвесност и иселување.
Соседните земји напредуваат – за Црна Гора веќе се пишува договорот за пристапување во ЕУ, а Македонија тапка во место. Ова не е поради недостиг на можности, туку поради недостиг на политичка волја.
НСДП ја повикува Владата итно да престане со декларативни политики и да започне со вистински, мерливи реформи.
Во спротивно, одговорноста за пропуштената европска перспектива и економската стагнација ќе биде целосно на нејзин товар.
Граѓаните заслужуваат европска иднина🇲🇰🇪🇺

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство