Владата да реагира веднаш на ценовниот шок од горивата

10 март, 2026

НСДП со загриженост го следи новиот бран на поскапувања на горивата, кој неминовно ќе се прелее и врз цените на основните прехранбени производи и врз трошоците за живот на граѓаните.


Во услови кога растот на цените директно го погодува семејниот буџет, Владата мора веднаш да излезе со јасен пакет економски мерки за ублажување на ценовниот шок.
НСДП смета дека државата има обврска активно да интервенира кога економските притисоци го загрозуваат животниот стандард. Потребни се итни мерки за стабилизирање на цените, заштита на куповната моќ на граѓаните и поддршка на домашното производство, особено во земјоделството и прехранбената индустрија.
Во таа насока, неопходно е Владата да донесе конкретни мерки, меѓу кои намалување на стапката на ДДВ за горивата и намалување на акцизата, како и намалување на даночниот притисок врз основните прехранбени производи, со цел да се ублажи ценовниот удар и да се спречи нов ценовен бран кој дополнително ќе ги погоди најранливите категории граѓани.
НСДП потсетува дека економската политика мора да биде насочена кон луѓето. Во време на кризи, одговорност на Владата е да понуди решенија, а не изговори.
Граѓаните очекуваат конкретна акција, а не политички спинови.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство