Вчера бевме сведоци на шоу во стилот на „ПРЕЉУБНИЦИ“ организирано до Груевски и фамилијата за да се прикаже единство и хармонија

16 март, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Вчера граѓаните на Република Македонија беа сведоци на едно реалити шоу во стилот на серијалот „Прељубници“, организирано и спроведено од Груевски и фамалијата за да демонстрира лажно единство и хармонија во партијата, чии членови ја видоа вистината дека се ставени во заложништво на задоволувањето на нивните лукративни и материјални интереси.

Во обидот да се спаси себеси од  одговорноста која ја има за уништувањето на темелните демократски вредности на државата,  неуспешно глумеше жртва на странски заговори и шпионски сценарија, затскривајќи се зад наводни економски и социјални успеси, во кои не веруваат ниту неговите „најверни“ соработници Ставрески и Јанкулоска.

Ќе беше чесно од негова страна да објасни дали гласот од вчерашното обраќање е истиот оној глас кој граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ можеа да го слушнат во договрањето за купопродажба на Македонска банка. Дали е негов гласот кој на министерот за транспорт и врски, Јанакиевски, му наредува со динамит да се сруши комплексот „Космос“ и дали е негов гласот кој што во шифри шепоти за купување на плацеви на Водно? .  Дали тоа е истиот тој Груевски кој дозволи МВР да биде претворено во МВРО,  а изборите за него и фамилијата да бидат прашање на „живот или смрт“.

Иститот ли е тој Груевски кој што зборуваше за успеси на Владата и повикуваше за обедување на Македонците, Албанците, Ромите, со оној Груевски кој одобрува „влечење на Ромите за уши“ и „фаќање на Албанците за врат“.

НСДП му порачува на Груевски, ако вистински си ја сака државата, сега е вистинскиот  момент да го повлече најпатриотскиот чин во овие девет години, да си поднесе оставка и да ја ослободи Македонија од неговите стеги.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство