14 март, 2026
Протестот на работниците не е политика. Тоа е борба за достоинствен живот, за праведна плата и за почит кон трудот. Денеска работниците со право се на улица. Тие не бараат ништо повеќе од она што им припаѓа – плата од која може да се живее, сигурност за своите семејства и почит за својот труд. Зад секоја плата стои нечиј труд, нечии раце и нечии соништа.

Кога работниците ќе застанат заедно и достоинствено ќе го побараат своето право, тоа е најлегитимната борба во едно демократско општество.
Трудот создава вредност. Трудот ја движи економијата. Затоа трудот мора да биде почитуван и праведно платен. Барањето за повисока минимална плата не е хистерија, туку реална потреба во време на раст на цените и зголемени трошоци за живот.
Работниците бараат плата од која може да се живее достоинствено, а не само да се преживува.
За жал, наместо разбирање и дијалог, Владата предводена од Христијан Мицкоски избра да ги игнорира оправданите барања на работниците. Наместо политики за раст на платите, сведоци сме на омаловажување на синдикатите, дискредитација на работничките протести и обиди за нивно заплашување со удбашки методи кои потсетуваат на темни времиња.
Таквиот однос е недостоен за една демократска власт. Синдикатите се легитимни претставници на работниците и нивната борба е борба за подобар живот на илјадници семејства во државата.
Протестот на синдикатите е легитимен демократски притисок. Тоа е борба за достоинство, за праведна плата и за подобар живот за секое семејство.
Гласот на работниците мора да се слушне, а институциите имаат обврска да одговорат со политики што ќе донесат реално зголемување на платите и подобрување на животниот стандард.
Без силен и почитуван труд нема ниту силна економија, ниту стабилна држава!
Трудот не е трошок!
Трудот е капитал!





