Толку забегана влада не може да се доведе во нормала со договор на преговарачка маса

23 јуни, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

nsdp-logo1

Кај Груевски и тие околу него, не постои морална посветеност кон вистината  и правдата, за нив Уставот и законите немаат никакво значење. Тие се убедени дека од изборите имаат т.н. демократски легитимитет кој им дозволува се, па и граѓанска војна. Секојдневно повторуваат дека и без демократски вредности, со полнење на избирачките кутии може да се стекне легитимитет и така 10 години со насилство и недемократско поведение се одржуваат на власт.

Исплашени од можноста, покрај власта и моќта да ја изгубат и личната слобода, подготвени се да го жртвуваат, велат, и „својот народ“, за да ги избегнат последиците. Ова посебно станува изразено со тоа што се работи за луѓе кои страдаат од наполеонски комплекси и други патолошки особини. Алчни, недоволно образовани и сурови политичари кои до последна капка туѓа крв ќе се борат за нивниот личен интерес и лична слобода. Идентификувајќи се со државата, безкурпулозно манипулираат со граѓаните дека со нивната лична загрозеност загрозена е и државата. Дека работата ја надмина границата на нормалното говори и фактот што истото тоа „злосторничко здружение“ започна да ги напаѓа институциите (судовите) што се под целосна нивна контрола.

Во сите изминати години на македонската криза, ЕУ и НАТО не и посветија доволно внимание на Македонија, во борбата против недемократскиот режим. Напротив, како да покажуваат подготвеност да тргуваат со диктатурата и европските вредности, со каква така „безбедност и стабилност“. Сметаме дека длабочината на кризата во која е западната државата нужно ја наметнува потреба од промена на ваквиот однос, демократските вредности поврзани со слободата, владеењето на правото и правдата треба да го добијат врвниот приоритет во односот на ЕУ и НАТО кон Македонија.

НСДП оценува дека толку забегана влада не може да се доведе во нормала со договор на преговарачка маса. Таа едноставно мора да се принуди на оставка и да се отвори процес на формирање на влада на национално единство, која ќе подготви фер и демократски избори. Сметаме дека долготрајните, непродуктивни, јалови преговори на четирите водечки партии, во кои се вклучени и претставниците на меѓународната заедница, далеку од очите на јавноста не понудија и нема да понудат решение за излез од политичката и севкупна општествена криза.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство