ТИТО ПЕТКОВСКИ: СТРАТЕГИЈА ЗА ПОРАЗ ТЕНДЕРОКРАТИТЕ ОД ВМРО И ОД ДУИ

23 мај, 2014

Прес-конференција на претседателот на НСДП, Тито Петковски:

tito_petkovski514_0

Опозицијата треба да најде сили да го разобличи деструктивното и криминално владеење на ВМРО и ДУИ. Да ги разобличат тендерократите кои за време на предизборната кампања се преобликуваат во патриоти и демократи.

Според Петковски, да се оствари целта, најнапред треба:

1) да ја подржиме идејата на СДСМ за опозициска влада во сенка, а предлагаме и постојано заседание на пратеничката група на здружената опозиција

2) Да изготвиме еден вид бела книга во која ќе бидат набележани сите причини поради кои овие избори неможе да се сметаат за фер и демократски. поткрепени со докази, факти и аргуенти, како фотографии, аудио и видео снимки и сл. Тука да се вклучат и извештаите на ОБСЕ/ОДИХР, однесувањето на медиумите, особено на јавниот сервис МРТВ и остантите телевизии со национални концесии.

Особено внимание да се посвети на укажувањето на ОБСЕ/ОДИХР дека не било испочитувано нивното барање за одвојување на државата од партијата. Да се вградат и сите забелешки на невладините организации „Цивил“ и „Мост“.

3) Ќе побараме итно организирање на попис во рок од 5 месеци за да се знае колку население живее во Република Македонија и дури потоа да се види колку граѓани можат да бидат запишани во единствениот избирачки список.

4) Потоа да следи ажурирање на избирачкиот список,

5) Ќе предложиме измена на изборниот законик во насока на демократизација на изборниот процес во Македонија, до забрана за учество на изборите, за партиите што го прекршуваат изборното законодавство и изборниот процес.

6) Во најкус можен рок ќе подготвиме и на Собранието да му се предложи Закон за МРТВ, со прецизно набележани обврски како јавен сервис, за покривање и на активностите на опозицијата.

Во тие рамки, особено важно во дневно-информативните емисии да обезбеди простор за преставување на опозиционите програми и задолжителни 5 минути после секои вести, опозицијата да има можност да го каже својот став за владините политики. На пример емисија од агол на опозицијата, организација на дебати на власта и опозицијата.

Истото да се побара и од сите ТВ кои имаат национална концесија бидејќи го користат етерот како национално богатство. Кога станува збор за приватните медиуми, да истапиме и со закана, доколку не отстапат ни минимум простор за опозицијата да им се одземат концесиите по промената на власта.

7) Ќе подготвиме измени и на Законот за аудиовизуелните медиуми и за функциите на Советот за радиодифузија.

8) Веднаш ќе побараме ослободување на политичките затвореници и укинување на процесите за новинарите по основ на навреда и клевета.

9) Ќе формираме „финансиски совет“ кој ќе воспостави контрола на задолжувањето во земјата во странство и за каква намена се трошат парите.

10) Ќе конституираме „Форум на независни судии“ кој ќе го следи процесуирањето на предметите во врска со обвиненијата против Никола ГруевскиЗоран Ставрески, Гордана Јанкулоска и други функционери на власта.

Ќе предложиме и измени на законодавството во насока на забрана на судски процеси за време на изборна кампања.

11) Ќе формираме антикорупциско тело кое ќе го следи криминалот на владеачката структура и ќе иницира соодветни постапки, пред надлежните органи.

12) Ќе побараме независна ревизорска комисија за целосна ревизија на работењето на власта по проектот „Скопје 2014“. Таа ќе дебатира и по разни финансиски скандали на власта.

13) Ќе формираме Агенција за обезбедување од физичкото насилство на власта, врз членови и активисти на опозицијата.

За успешно остварување на поставените цели, неопходни се неколку предуслови.

1) Проширување и поцврство здружување на сите опозиционо настроени политички партии, здруженија и невладините организации кои не ја подржуваат политиката на власта.

2) За сите наши барања ќе обезбедиме и дипломатска поддршка.

3) Ќе се договориме со независните синдикати, земјоделците и граѓанските здруженија. Ќе им понудиме конкретен договор, подобра понуда, со обврзувачки потпис, дека тоа ќе го реализираме во конректен рок по превземање на власта. Дека се она што било одземено од нив и на криминален начин е присвоено од носителите на власта ќе им биде одземено и вратено на државата и македонското општество.

За тоа цел ќе формираме комитет за соработка со независните синдикати.

4) Ќе подготивме посебна комуникациска стратегија за синхронизирањето и валоризирање на ефектите од сите активности.

5) За навремено информирање на граѓаните да нашите активности ќе биде отворен и постојано ќе функционира прес-центар.

6) Сето ова треба да финишира со вонредни парламентарни избори во организација на техничка влада.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство