Дваесет и три години по прогласувањето на самостојноста, Македонија го нема решено проблемот со Грција, кој бил истакнат уште во деведесеттите години дека без тоа нема членство во ЕУ, вели тогашниот потпретседател на македонското собрание Тито Петковски.
На прашањето на Инбокс 7, дали коалицискиот партнер ДУИ може да придонесе кон забрзување на процесот за решавање на проблемот со името, Петковски смета дека ДУИ ништо не може да направи, бидејќи, како што рече, Груевски направил кариера на прашањето за името. Но, сега од ЕУ пристигнуваат остри тонови.
„Во Берлин му беше кажано на премиерот Груевски дека Македонија станува сериозен проблем на ЕУ, делуваме антиевропски. И да се реши проблемот со името, Македонија нема да влезе во ЕУ. Промените на Уставот, градиме финансиски зони, за кои ЕУ се згрозува, дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, кога во Европа се почитува слободната сексуална ориентација. Ова не е предвидено во ниту еден документ на Унијата“, вели Петковски.
Според него денеска Македонија е безнадежна држава, албанската заедница се противи на било каква друга варијанта освен НАТО и ЕУ, а ако Груевски и ВМРО – ДПМНЕ останат доследни на политиката тоа значи дека ќе ја делат Македонија. Тоа е повеќе од сигурно, бидејќи Албанците на сакаат да одат во други сојузот како со Русија.
„Овој начин на владеење на Груевски не може да трае долго. И Хитлер мислел дека ќе завладее со светот, но не успеал“, вели лидерот на НСДП.
За излегувањето на неговите тројца парламентарци од Собранието, Петковски изјавува дека сега Македонија е исправена пред предизвикот за нови избори, но не да ги организира Груевски.