Стевчо Јакимовски уценет да одземе гласови на опозицијата или ќе оди в затвор

1 април, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo

Стевчо Јакимовски претседателот на ГРОМ, е градоначалник на општина Карпош, која што со долг од над 15 милиони евра во моментот е една од најзадолжените општини на Балканот.

Со парите што ги должи на многу фирми, а дел од нив ги доведе пред банкрот, си води партиска кампања, отвара штабови низ цела Македонија и сето тоа го прави по налог на ВМРО-ДПМНЕ. Нема граѓанин во Република Македонија, кој не ја знае информацијата дека Стевчо Јакимовски е уценет директно од врвот на ВМРО-ДПМНЕ да направи обид да одземе дел од гласовите на опозицијата.

Го повикуваме јавно, Стевчо Јакимовски да одговори  дали е точна ифнормацијата дека, ако не го реализира ветувањето што го дал на Груевски дека ќе освои  пет пратенички мандати (да формира пратеничка група), ќе има обезбедено топло место за подолг престој во казнено попаавниот дом „Идризово“?

Жалиме што Стевчо Јакимовски ја изневери довербата на граѓаните на општина Карпош и наместо да биде добар градоначалник  кој се се грижи за проблемите и потребите на општина Карпош, стана слуга на Грувески и ВМРО-ДПМНЕ.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство