28 октомври, 2014
Соопштение за медиумите и јавноста:
Денес во просториите на НСДП се одржа средба помеѓу претседателот на НСДП, Тито Петковски и претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.
На средбата беа разменети мислења околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, за Извештајот за напредокот на Република Македонија на Европската комисија, за начинот на делување на опозициските партии, како и за односот на пратениците на двете политички партии кон Собранието на Република Македонија.
Исто така заеднички е констатирана потребата од поблиска соработка меѓу партиите од Опозицискиот фронт и проширување на опозицискиот блок со нови субјекти.