Денес во Собранието потпретседателот на Собрание Горан Мисовски оствари средба со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за работите на ЕУ во германскиот Бундестаг
🟨Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за прашања на Европската Унија на германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер, на која се разговараше за процесот на преговорите на нашата земја со ЕУ, како и за поддршката од Германија за евроинтеграцијата на државава.
🟥Мисовски изрази благодарност и очекување за продолжување на интензивниот политички дијалог и фактот што Германија е наш клучен политички поддржувач и најголем трговски партнер во нашата земја, обезбедувајќи дополнителен стимул за поактивен ангажман на политичките чинители во државата кон остварувањето на заедничките стратешки цели на Република Северна Македонија- членството во НАТО и во Европската Унија.
🟨Двајцата соговорници се осврнаа и на иницијативата на опозицијата за референдум за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, согласувајќи се во оценката дека во овој момент, кога Северна Македонија ги почнува преговорите со ЕУ, не се добра идеја обидите за поништување на билатерален договор.
🟥Мисовски, исто така, изрази благодарност за поддршката од германскиот Бундестаг за реформите во Собранието на Република Севеена Македонија, посебно за заокружување на процесот за обезбедување целосна независност на законодавниот дом, пред се за проектот за независно собраниско обезбедување.
🟨Хофрајтер оцени дека Северна Македонија веќе требаше да биде членка на ЕУ, посочувајќи дека ЕУ сега ќе треба поинтензивно да дејствува за веќе да нема одолговлекување на процесот, со оглед на тоа што Северна Македонија ги исполни сите критериуми. Тој оцени, исто така, дека Северна Македонија во изминатиот период постигна голем напредок во поглед на обновливите извори на енергија и изрази благодарност за поддршката што ја дава нашата земја за Украина.
🟥Мисовски истакна дека откако Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО, рамноправно учествува во сите активности на организацијата со останатите земји членки, на тој начин придонесувајќи кон колективниот мир и безбедност. Во Однос на Украина, потпретседателот на Собранието нагласи нашата држава е активно вклучена во обезбедувањето помош за потребите на украинските институции и граѓани и целосно се приклучи на барањата на Европската Унија за воведување санкции кон Руската Федерација.