СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО НА ВАЊА, ЗАГУБАТА НА ДЕТСКИ ЖИВОТ Е НЕНАДОМЕСТИВА, СТОРИТЕЛИТЕ ДА БИДАТ МАКСИМАЛНО КАЗНЕТИ

4 декември, 2023

НСДП изразува најдлабоко сочуство до семејството, роднините, пријателите и сите кои ја познаваа 14 годишната Вања.

Загубата на млад човечки живот е ненадоместива, целата држава и граѓаните се во тага и неверување за монструозниот чин на убиство на дете.

Сакаме да ја поздравиме работата на надлежните државни органи, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, нивната висока професионалност за преземањето на навремени мерки и активности кои доведоа до расчистување на случајот и откривање на извршителите на ова монструозно убиство.

Очекуваме сторителите, соучесниците и другите инволвирани што побрзо да бидат изведени пред суд и да понесат одговорност и да бидат казнети за злосторството кое го извршија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство