Што се случува со Советот на Европа?

12 октомври, 2016

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Одлуката на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за судија во Европскиот суд за човекови права од Македонија да биде избран Јован Илиевски, баџанак на „првиот полицаец“ е повеќе од скандалозна ако се знае дека Судот своите темели ги има во Европската конвенција за човековите права која преставува гаранција за граѓанските и политичките права.

Илиевски доаѓа од висока позиција во сфера која во извештајот на Прибе е нотирана како една од „најчувствителните области“ кои се одликуваат со сериозни системски недостатоси  – судството и обвинителството, а каде назначувањето, унапредувањето и разрешувањето на судии и обвинители е резерзвирано за оние кои го фаворизиираат политичкиот естаблишмент во Македонија. Политичката инструментализација на судството и обвинитеството е константа во сите извештаи на Европската комисија и Стејд департментот, а Илиевски своето исксутво го градел токму во овој систем.

Каков професионален кредибилитет за заштита на човековите права може да има човек пред чиј очи 10 години власта врши политички пресметки со неистомислениците, затвора политички противници, затвора медиуми, новинари, врши сеопшт грабеж, а притоа тој да не препознае, ниту пак да се осмели да покрене ниту една постапка, нешто за што е обврзан со Уставот и законските прописи?

НСДП јавно го изнесува својот сомнеж за тоа дали Советот на Европа со својата одлука во овој чуствителен политички период во кој се наоѓа Македонија, на индиректен начин не испраќа порака до јавноста за какви вредности во Македонија се залага и не застанува на страна на политичка гарнитура која ги погазува темелните демократскики вредности врз основа на кои е формиран и самиот Суд?

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство