Режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е разголен

5 април, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

„Режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е разголен. Криминалот и корупцијата кои десете години внимателно ги негувале повеќе не можат да ги кријат“, рече Горан Мисовски, претседател на Централниот изборен штаб на НСДП, на вечрашната регионална средба со претседателите на општинските оганизации на партијата од првата изборна единица.

Според Мисовски, повеќе од очигледно е дека политичката кариера на Груевски е завршена, што може да се препознае и преку последните очајнички обиди за попречување на правните процеси кои започнаа да се водат против неговите најблиски соработници.

„Тој може да ги користи своите инсталации во судовите, во Уставниот суд, но правдата не може да ја спречи. Граѓаните веќе политички се освестени и сфаќаат дека изборот е или Груевски или Македонија, тие две нешта не одат заедно“, рече Мисовски.

Претседателите на општинските организации на НСДП ја изразија подготвеноста на целокупната партиска организациона структура за настап на престојните парламентарни избори, независно кога истите ќе се одржа.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство