Протест против молкот на власта за Кочоска- пратениците од СДСМ и НСДП нема да учествуваат на седница ниту во Клубот на пратенички.

7 март, 2025


Кога молчиш пред навредите, пред дискриминацијата, тоа значи дека ги поддржуваш.
Денешната седница треба да биде простор за дебата за правата и положбата на жените, но како да учествуваме во дискусии кога истите тие кои требаше да реагираат – молчат?
Нема да учествувавме во лицемерни процеси и да прифаќаме молк пред неправдите.
Затоа, пратеничката група на СДСМ, НСДП и коалицијата нема да учествува на пленарната седница посветена на 8 Март. Нашето отсуство е протест против неправдата, дискриминацијата и премолчувањето на навредите кон жените.
Дополнително, пратеничките од СДСМ, НСДП и коалицијата нема да учествуваат во работата на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности во Собранието, се додека не видиме конкретна акција и осуда на навредливите изјави.
Нема да запреме со реакциите се додека таа не ја поднесе оставката или не биде разрешена!
8 Март не е само ден за честитки – туку ден за акција! Борбата продолжува!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство