Претседателот на НСДП на средба со општинските организации од четвртата изборна единица

14 јули, 2021

Претседателот на НСДП, Тито Петковски во рамки на подготовките за претстојните локални избори, вчера во Кавадарци имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од четвртата изборна единица.
На средбата стана збор околу организациските  подготовки на НСДП, како и за кадровски прашања поврзани со утврдување на потенцијални кандидати за градоначалници и советници во општините.
Се зборуваше и околу давањето на  можност на поединци кои не членуваат во ниту една политичка партија, а имаат одредени идеи за развој на општините, да добијат шанса преку партиските структри на НСДП да се вклучат во изборниот процес и да ја бараат поддршката од граѓаните.

 

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство