Преодна влада на чело со Груевски за НСДП е неприфатливa под ниту еден услов!

4 јуни, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Доколку како држава имаме сериозна намера да ја затвориме најтемната страница од нашата понова историја, не смееме во никој случај да попуштиме под притисокот на Никола Груевски и криминалната група околу него, тој или било кој друг, кој би бил негова марионета, да партиципира или да има влијание  во формирањето и функционирањето на т.н. преодната Влада. Било кој формат на разврска на политичката криза кој вклучува Влада која треба да ги постави во нормала изместените параметри на политичкиот систем во т.н. трансициски период, а на чие чело би останал Никола Груевски или би имал влијание, за НСДП е неприфатливо под ниту еден услов – тоа е црвената линија која ја поставија и граѓаните на Македонија, независно од нивната политичка, религиозна, културна или социјална припадност.

Соочен со криза на легитимитетот на сопствената власт, поради криминалот, корупцијата и покажаното насилство во владеењето, Никола Груевски и понатаму, како и до сега, нема да штеди пари и нема да избира средства за спас на својата политичка кариера и опстанокот на слобода. Ќе се обиде со сите можни начини да ја избегне политичката и кривична одговорност. Човекот што ги урниса државните иснтитуции нема кредибилитет да ги реформира истите, повеќе од сигурно е дека нема ни желба ни способност. Тој кристално се профилира како корумпирана, морално дискредитирана и делигитимирана политичка фигура.

Од него не можеме да очекуваме било каква принципиелност, политичката созреаност или демократски капацитет за понатамошно раководење со Македонија, а уште помалку во еден период кога Македонија се соочува со суштински системски проблеми во државата, а кои се резултат на деветгодишното апсолутно владеење токму на Груевски.

Како вистински диктатор ќе продолжи масовно да ја користи пропагандата, цензурата и другите информациони трикови за спас на својата кариера. Нема да се откаже од поткупување на сопствениците на медиумите со договори за реклами, ниту пак од затворање на политичките противници. Ерата на терор, делби, ширење на омраза и „лов на вештерки“ ќе продолжи. На тој начин недовербата кон државните институции ќе се продлабочи. Неговата мисија, што сам ја најави со отворено писмо до македонската јавност од 19 ноември 2009 година, ќе продолжи да ја реализира. Практично ќе ја финализира, како што вели, „последната битка против опозициските политичари“.

Решавањето на важните политички прашања, како што е процесирањето на случаjот „Пуч“ и постапувањето по пријавите од опозицијата за незаконско следење на комуникациите на над 20 илјади граѓани од страна на УБК, расчистувањето на вооружениот иницидент во Куманово, прашањата за влијанието на власта врз судството и јавното обвинителство, злоупотребата на буџетски средства за купување на медиумска наклонетост, истражувањето на скандалозните злоупотреби на МВР со издавање на двојни лични карти за политички цели, прочистувањето на избирачкиот список, преиспитувањето на уривањето на „Космос“, политичката местенка на Љубе Бошкоски, и уште цела низа на сериозни прашања стојат како предизвик пред државата и нејзините институции, а чие надминување и решавање нужно бара пронаоѓање на политички модалитети во кои Никола Груевски не може, ниту пак смее да има било какво, директно или индиректно, влијание во нивното формулирање и спроведување.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство