5 април, 2026
Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе дојде време кога младите кои заминале од Македонија ќе се враќаат дома претставува уште еден обид за замајување на јавноста со празни и популистички пораки.

Реалноста е сосема поинаква. Во услови кога нема нови странски инвестиции и кога платите стагнираат, младите немаат мотив да останат во државата, а не да се враќаат од странство. Владата досега не понуди ниту една конкретна мерка за задржување на младите во Македонија.
Апсурдот е уште поголем ако се има предвид дека наместо поддршка за младите, власта најавува и оданочување на студентите кои преку сезонска работа во странство заработиле средства за сопствено преживување и студирање.
Во такви услови, сосема е разбирливо што младите својата перспектива сè повеќе ја гледаат во западноевропските држави, а не во сопствената држава.
НСДП смета дека без реален раст на платите, привлекување на странски инвестиции и вистинска поддршка за младите, владеење на правото и функционален систем во државата не може да се запре иселувањето од Македонија.
На Македонија ѝ се потребни конкретни политики и резултати, а не популизам и празни ветувања.





