Политичката „смрт“ на Груевски не доаѓа само поради кривична одговорност, туку и поради злото што го нанесе на Македонија

21 јануари, 2016

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Има некои датуми кои во колективната меморија на граѓаните на Република Македонија кои ќе останат длабоко врежани како моменти на раскинување со трауматични и авторитарни политички искуства, моменти кои означуваат почетоци на нови демократски процеси на рекомпонирање на институционалните темели на државата. Еден таков даум е и 18 јануари 2016 година, денот кога и официјално диктаторот Никола Груевски ја напушти премиерската функција и дефинитивно замина од политичката сцена. По една декада на мрачно авторитарно и корумпирано владеење започнува темелното демократско реформирање и враќање во нормала на целокупното општествено-политичко милје.

Провладините медиуми колку и да се обидуваат да спинуваат дека тој ќе биде идниот премиер, со ставање во преден план на самораспуштањето на Собранието, а не на оставката, како политички потег кој демонстрира самоувереност дека политички ќе преживее, сепак и на најнеупатените им е повеќе од јасно дека Никола Груевски не може повеќе да смета на партиципација во било која државна институција, па дури ниту на тоа да биде пратеник. Политичката „смрт“ не доаѓа само поради тоа што тој е соочен со кривична одговорност, туку и поради злото што го нанесе на Македонија и го расеа семето на раздор и омраза помеѓу граѓаните. Па од таму, медиумскиот спин само ја одложи општонародната веселба за заминувањето на Груевски и неговото врежување во мрачната политичка историја на Република Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство