Поддршка за промена на изборната регулатива за зголемување на квотите на жените на 40%

7 октомври, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

НСДП ја поддржува иницијативата на Македонското женско лоби за промена на изборната регулатива во насока на зголемување на квотите на жените од сегашните 33% на 40%  и апелира до сите учесници во работната група за измена на Изборниот законик да ја поддржат оваа иницијатива.

НСДП смета дека со зголемувањето на процентот на жените на сите ниво од политичкиот живот ќе се допринесе кон ослободување на целокупниот потенцијал кој лежи во македонското општество и искоренување на родовата нееднаквост во државните институции.

Со законското гарантирање на поголемо учество на жените во политиката Македонија ќе демонстрира поголемо почитување на демократските принципи и принципите на еднаквост како земја аспирантка за членство во Европската унија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство