Соопштение за медиумите и јавноста:
Мистериозните комбиња полни со функционери кои љубопитно далеку од очите на јавноста разгледуваат плацеви на Водно, шифрираните разговори на премирот Груевски за парцелите на кои им „фрлиле око“ и „оф-шор“ компаниите од даночните раеви кои се јавуваат како купувачи на овие парцели, даде одговор на прашањето зошто власта толку упорно се залага за воведување на „слободони финансиски зони“.
Идејата дека Македонија и нејзините граѓани ќе добијат економски и социјални бенефиции станува јасно дека е далеку од реалноста.
Мистериозните фирми, со непозната и сонителна сопственичка структура, од Белизе, преку Лугано завршиле на Водно. Дали позади најавите од власта дека слободните финансиски зони ќе бидат сместени во централното градско подрачје, се наоѓаат овие парцели, за кои Премиерот почувствувал дека треба лично да се ангажира за промени на деталните уранистички планови.
Намерата за уставно уредување на слободните финансиски зони, иако станува збор за материја која уставно не би требало да биде регулирана, зборува за желби да се воведе своевиден пралелен правен систем во кој нема да важат законите и правилата кои важат за граѓаните и останатите правни субјекти.
Не постои никакво разумно објаснување за сета оваа урбанистичка и уставна „гимнастика“ освен дека некој, некои од власта, преку мистериозни фирми регистрирани во Белизе и Лугано, се обидува да врати капитал нелегално изнесен од Македонија и да добие своевидени устави гаранција дека истиот ќе биде оставен во сивата зона на „даночните раеви“.