Петковски: Заев го губи кредибилитетот на тајните средби со Груевски

1 јули, 2015

Изјава за порталот ПЛУСИНФО.МК на лидерот на НСДП, Тито Петковски:

tito(4)

Тајните средби со Никола Груевски само му го рушат кредибилитетот на Зоран Заев, смета неговиот коалициски партнер Тито Петковски од НСДП.

Телевизијата Алсат-М вчера објави дека Груевски и Заев имале тајна средба, на која се разгледувал предлогот преодната влада со вклучување на СДСМ и супервизорите во некои клучни министерства, да почне со работа во ноември, а мандатот на премиерот Никола Груевски да престане во јануари 2016 година.

Петковски објаснува дека, сепак, нема потврда за евентуална тајна средба.

– Дефинитивно Заев го губи кредибилитетот на тие евентуални средби. Ако тој предлог навистина постои, тој е неприфатлив. Предлогот не е никаков придонес во решавање на политичката криза бидејќи и сега според нашиот Устав три месеци пред избори владата врши само технички работи. Груевски до сега ова никогаш не го почитувал нема никаква гаранција зошто сега би го почитувал. Во овој предлог нема ништо што Груевски жртвува, само се колне дека ќе го почитува Уставот – вели Петковски.

Скандалозно е, додава тој, да се случуваат средби во една ваква ситуација.

– Ние предлагавме овие самити на четворицата лидери да бидат пренесувани и на националната телевизија заради доверба во целиот процес, граѓаните да бидат убедени во исправноста на политичките одлуки. Во најмала рака, Груевски свесно ги елиминира преговорите и го уценува Заев да попушти под пресија дека ќе лежи во затвор. Тоа е срамно не достоинствено. Тоа едноставно не смее да помине  категоричен е Петковски.

Според него, Груевски нема кредибилитет да разговара во име на политичка партија, но срамна е и улогата на меѓународната заедница која бара, како што вели Петковски, компромис со криминалец за кого сами во извештајот на Прибе кажуваат дека на криминален начин ја води државата.

Од СДСМ досега не е демантирана информацијата за тајната средба на двајцата партиски лидери.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство