Петковски за СЛОБОДНА ТВ: Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори

26 октомври, 2021

Претседателот на НСДП, Тито Петковски во интервју за „Утрински брифинг“ на „СЛОБОДНА ТВ“,  даде оценка за резултатите од првиот круг на локалните избори.

 – Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Петковски. За луѓе кои долго ги следат работите овој резултат не е толкаво изненадување. Со оглед на се што се случуваше во последните четири години, резултатот и не е толку лош. Верувам дека може да се случи пресврт. Видете ја структурата на гласачкиот корпус – 50 илјади се за независните, исто толку се неважечки, а ако земете дека ВМРО-ДПМНЕ зеде само 288 илјади гласови при најмала излезност во историјата. Граѓаните со ова рекоа, ако продолжите вака ќе ве казниве и позиција и опозиција. Според мене не е добро да се останува дома и да се казнува централната власт кога имаме локални избори, Заев и Мицкоски нема да бидат градоначалници ниту советници. Тука работата излезе надвор од локалните интереси на граѓаните, коментира Петковски.

Граѓаните се уморни од тоа секоја година да има избори. Заев најави оставка ако не победи Шилегов за градоначалник.

 -Нека ми прости премиерот ама ова е неодговорна изјава. Владата е формирана пред една година, неговиот мандат трае уште четири години. А позицијата на Шилегов не е поврзана со позицијата на Владата. Со парламентарна кампања, со наметнување на остварувања на Владата, рекомпонирање на мнозинство… сето тоа ги дефокусира граѓаните од локалниот избор, вели Петковски.

Целото интервју може да го погледнете ОВДЕ(Слободен печат)

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство