Петковски за Слободен печат: По фијаското кај Радев, очекувано е Петков да не дојде во Скопје, короната е само оправдание

11 јануари, 2022

Бугарскиот претседател Румен Радев со вчерашниот Совет за безбедност ги спушти не само очекувањата во Македонија, туку и политичките стандарди на премиерот Кирил Петков и ја депласираше неговата прогресивна политика кон нашата земја, оценува лидерот на НСДП Тито Петковски за „Слободен печат“.

Разобличена е веќе политиката на Бугарија во однос на Македонија, која всушност сега сака со политички пат да го добие она што не го доби во Втората светска војна, додава Петковски.

 

– Целосната политика на Бугарија кон Македонија, онаа на претседателот Радев, на минатите влади, па и на оваа влада, се на дното. Радев ги спушти не само очекувањата, туку и стандардите што сакаше да ги воведе Петков. Премиерот Петков е прогресивен политичар, школуван во САД, за разлика од претседателот Радев кој е живковист и не може да се оттргне од руското влијание. Бугарската политика лани цела година и по два изборни циклуса не успеа да изгради консолидирана надворешна политика. Владата по третите избори е многу хетерогена, односно две партии се прогресивни и поотворени кон нас, а БСП и Има таков народ се порадикални. Радев им е ментор на последниве две партии и ако сака во секој момент може да повлече потег со кој владата на Петков ќе падне – вели Петковски за „Слободен печат“.

 

Видовме, потсетува тој, и дека Бугарија го користи прашањето со ветото за Македонија за да се пазари за свои интереси со САД и со ЕУ, како што беше барањето на лидерот на ИТН Слави Трифонов за укинување на визите за бугарските граѓани.

Повеќе на веб страната на Слободен печат ТУКА.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство