Петковски за ТЕРА ТВ Битола: Во Скандинавија имаше забрана политичари да се кандидираат на локални избори

30 јули, 2021

Претседателот на НСДП Тито Петковски беше во посета на Битола, на средба со раководствата на општинските организации, а во функција на подготовка за есенската локални избори. Вели дека никогаш пред избори не сме биле без политички тензии.

„Кај нас тоа се доживува како страшен чин, да се биде или да не се биде. Немаме ние традиција, немаме ние парламентарна култура. Локалните избори не треба да ги брануваат политичките партии, ниту јавноста. Станува збор за условите за живеење во местото на живеење, дали ќе имаме подобра инфраструктура, школи, здравствени институции и ткн. Кај нас се доживуваат исто како парламентарни избори. Гледате теми кои на почетокот се наметнуваат, тоа некако има некоја политичка димензија, па дури и меѓународните односи“ вели Петковски.

Тој не верува дека ќе отстапиме од една востановена пракса кај нас, политичкиот конкурент да се дискредитира, а како што вели основата или поводот не е многу битен.

„Политичките партии пред се треба да имаат слух, чувство за она што го очекуваат граѓаните. Во некои земји, долго време и во Скандинавија беше забрането кандидатите за градоначалници и советници да се бираат од политички партии. Дури и во она време во стара Атина, од кај што потекнува демократијата, луѓето се бирале врз основа на афторитетот кој го уживале во местото на живеење и кој со своето знаење, стручност, компетентност, нудат решенија за подобар живот во своето место на живеее. Ние се политизираме“ вели Петковски.

Во Битола, Петковски имаше средба со раководствата од општинските организации од петтата изборна единица, а деновиве ќе треба да ја соопштат одлуката дали на локалните избори ќе останат со коалицијата на СДСМ или самостојно ќе настапуваат.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство