Изјава за порталот ПЛУСИНФО.МК на лидерот на НСДП, Тито Петковски:
(Текстот превземен од порталот ви го пренесуваме во целост)
Лидерот на НСДП, Тито Петковски, вели дека Никола Груевски веќе не може да биде партнер во преговорите за наоѓање на излез од политичката криза, туку треба да се бара нова личност која ќе ја застапува ВМРО-ДПМНЕ. Овој став бил поддржан и од мнозинството претставници на опозициските партии на состанокот со Зоран Заев вчера, на кој се разгледувале идните чекори на дејствување.
– Груевски е човек на кој веќе не може да му се верува ништо. Неговото деструктивно однесување во системот во целина не дава можност да се верува дека може да се направат преговори во интерес на државата. Затоа и тој не треба да биде партнер во преговорите, туку на негово место во името на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојде некој друг – смета Петковки.
Тој вели дека како заклучок од вчерашниот состанок произлегло Заев ова да го соопшти јавно, а со овој став на опозицискиот блок да ја запознае и меѓународната јавноста – да се бара објаснување од меѓународната јавноста за тоа како мислат да се спроведат препораките од извештајот на Прибе, да се постави прашањето за одговорност за неисполнување на мартовскиот договор од 2013, да се бара веднаш меѓународна истрага за Куманово, како и веднаш да се утврди веродостојнста на прислушуваните разговори.
На состанокот било договорено опозицискиот блок да изготви акционен план за тоа како треба да се спроведуваат препораките на Прибе. Било дискутирано и да се затвори кампот пред владата, бидејќи веќе ја исполнил својата фунција, а било сугерирано и веднаш да продолжи објавувањето на бомбите.