Прес-конференција на Претседателот на НСДП, Тито Петковски:
Независно од тензиите што се кренаа околу избирачкиот список и комплексот прашања од медиумската сфера, за НСДП најчуствителна точка од Договорот меѓу четирите партии во државата е специјалното обвинителство.
Неслучајни се жестоките напади на власта и нејзините медиумски пропагандисти, упатени токму кон оваа институција. Тие се свесни дека најсериона закана за крималната структура во власта доаѓа од специјалното обвинителство. Доколку тоа профункционира со полн капацитет, реални се можностите најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од „Белата куќа” покрај Вардар да се пресели во Идризово. За тоа е неопходно пред се да се истражат сите индиции и основани сомненија за повеќе кривични дела што јавноста имаше можност да ги слушне од прислушкуваните разговори. Тоа беше и основната причина за внесување на оваа точка во таканаречениот „Пржински договор“ на кој се потпиша и Никола Груевски.
Како потписник на тој Договор, Никола Груевски има обврска да му овозможи и дозволи на специјалното обвинителство да си ја заврши работата за која е формирано.
Бидејќи Договорот има за цел, излез од политичката криза и организирање на фер и слободни парламентарни избори, НСДП смета дека без завршени истраги за злоупотребите на власта од претходните избори, поради што и дојде до политичка криза, не треба и несмее да се оди на уште едни нерегуларни и криминални избори. Доколку не се истражат сите злоупотреби на власта во врска со претходните избори и не се казнат виновниците, Македонија не само што нема никогаш да стане правна држава, туку ќе влезе во една нова, уште поголема криза, а спиралата на фалсификувани избори и злоупотребата на власта ќе продолжи. Неказнетите насилници и прекршители на изборни правила ќе сватат дека таквата активност не се казнува и ќе продолжат непречено со истиот начин на владеење. А смислата на постоењето на оваа институција е доколку се утврдат злоупотреби и непочитување на законите, против извршителите да следат санкции, како кривично правни така и политички. Таквите луѓе не смеат ниту да водат изборни кампањи, ниту пак да бидат номинирани за јавни функции. Бидејќи политичката криза ја наметна една група криминалци во власта, сосема логично би било таквата криза да биде надмината со можни обвиненија и затворање на криминалците. Криминална криза не може да се реши на избори како што тоа го посакува власта. Тоа може да значи само давање шанса на криминалците да останатат на власт и да се заштитат со наводна волја на „народот”, со веќе видени сценарија на фалсификувани избори.
Неслучајно Груевски се заканува со вмровско „стапмпедо” на следните избори. Тој со досега невидениот клинтиелизам до ниво на подаништво ја донесе лојалноста на неговото избирачко тело. Десет години, по разни основи зема пари, во вид на даноци, такси, придонеси и тоа од сите граѓани на Македонија и им дава само на своите. Се разбира и само нив ги вработува во државниот и јавен сектор. Така корумпираните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ заради заштита на своите интереси и привилегии, во состојба се, да му простат на Груевски за се, па и за евентуални убиства се разбира на оние „другите” само да не се доведат во прашање нивните незаслужено стекнати имоти и други привилегии. По десет години, перење мозок, со медиумската пропаганда Груевски од своите гласачи, од граѓани направи поданици, кои независно од размерите на прекршените правни и морални норми ќе стојат зад него и ќе го подржуваат. Затоа Груевски постојано говори за народ како толпа, а не како свесни граѓани кои дури и на избори може да го ослободат од била каква кривична одговорност па дури и од Извештајот на Прибе за криминалните состојби во државата.
Во такви услови НСДП смета дека на Груевски не треба да му се даде маневарски простор со избори, без завршена работа на специјалното обвинителство. Тој и тие околу него, свесни за криминалот и злоупотреба на власта, ја „свиткаа опашката” и седнаа на преговарачка маса и потпишаа се што се бараше од нив, со единствена цел да добијат време и да смислат пазар за сопствен спас и тоа го прават секојдневно и се побрутално. Измислуваат илјада и една лага за дискретитација на специјалниот обвинител и опструкции и секој вид на попречување и отежнување на неговата работа со што практично го попречуваат спроведувањето на Договорот од Пржино.
Бидејќи станува збор за политичкиот живот. но и за слобода на криминалната структура на ВМРО-ДПМНЕ, ние сме уверени дека тие ќе посегнат по сите средства за спасување на сопствената кожа. Доколку не успеат во намерата да го дискредитираат специјалното обвинителство, ние сме сигурни дека ќе посегнат и по мерки за негово укинување преку Советот на јавни обвинители и Уставниот Суд, над кои имаат целосна контрола.